За Нас
Оркестар DIVA е современ професионален оркестар основан во 2013 година од диригентот и културен продуцент Владимир Димовски, со мисија да создава висококвалитетни музички проекти што ги поврзуваат класичната традиција и современите музички жанрови, носејќи ново симфониско искуство до поширока публика.
Историја
Основање на Камерниот Оркестар на Битола
Во 2013 година, под водство на диригентот и културен продуцент Владимир Димовски, започнува приказната на оркестарот. Од самиот почеток идејата е класичната музика да се доближи до поширока публика и да се создаваат нови концертни концепти.
Новогодишен концерт 2013
Еден од првите концертни проекти на оркестарот.
„За моја Битола“ — Бит Фест 2013
Настап посветен на градот во рамките на Бит Фест.
Rock Symphony — 03.07.2014 | Пацио, Битола
Почеток на еден од најпрепознатливите проекти на оркестарот — спој на рок музиката и симфонискиот звук.
„Вечер на пијаното“ — 26.10.2014
Концерт со Игор Дурловски — 2014
Rock Symphony — 20.11.2014
Продолжување на проектот кој ќе стане еден од заштитните знаци на оркестарот.
„Гласот на виолончелото“ — 29.03.2015
Rock Symphony 3 — 10.10.2015 | Центар за култура, Битола
Kerem Görsev Trio — 04.11.2015
Новогодишен концерт — 28.12.2015
Турнеја низ Македонија
2016 е една од пресвртните години — Rock Symphony започнува летна турнеја низ Македонија, а оркестарот го проширува своето присуство надвор од Битола.
Rock Symphony — Летна турнеја | Битола — 25.07.2016
Rock Symphony — Летна турнеја | Кавадарци — 26.07.2016
Rock Symphony — Летна турнеја | Скопје — 31.07.2016
Затворање на Скопско лето 2016.
Rock Symphony — Летна турнеја | Штип — 27.08.2016
Rock Symphony | Гевгелија — 07.09.2016
James Bond Symphony
James Bond Symphony — 10.10.2016
James Bond Symphony | Скопје — 25.12.2016
James Bond Symphony — 29.12.2016
Првите меѓународни сцени
„Baščaršijske noći“ | Сараево — 07.07.2017
Оркестарот настапува надвор од Македонија, продолжувајќи го своето регионално присуство.
Ladies’ Symphony | Битола — 08.10.2017
Нов авторски концертен концепт во продукција на оркестарот.
John Williams Symphony — 18.03.2018
Концерт посветен на музиката на еден од најзначајните композитори на филмска музика.
Rock Symphony | Битола — 04.07.2018
KotorArt — Rock Symphony & Vlatko Stefanovski | Котор, Црна Гора — 23.07.2018
Rock Symphony се претставува на KotorArt заедно со Влатко Стефановски.
„Засекогаш во срцата“ — 26 и 27.01.2019
Концертен проект посветен на музиката и наследството на Тоше Проески.
Electro Symphony | Ракометно игралиште, Битола — 08.08.2019
Спој на симфониски звук и електронска музика во нов концертен формат.
Rock Symphony & Vlatko Stefanovski | Белград — 2019
Rock Symphony & Vlatko Stefanovski | Тиват — 29.12.2019
Новогодишен концерт во Црна Гора.
„Засекогаш во срцата 2“ — 02.02.2020
Втор концерт во чест на Тоше Проески.
Rock Symphony | Хераклеја Линкестис, Битола — 04.08.2020
„Патеки“ — Фестивал на музика од светот | Хераклеја — 18.09.2020
2021 — Balkan Gala Festival
Balkan Gala Festival — Rock Symphony
Ракометно игралиште, Битола — 07.07.2021
На сцената со оркестарот настапуваат: Аки Рахимовски, Дадо Топиќ, Дани Димитровска, Михајло Трајковски – Сак, Бранислав Николов – Фолтин, Жарко Јакимоски, Наташа Миха, Сашо Паркет, Ирена Димовска и Елена Стојчевска.
Balkan Gala Festival — Pop Symphony
Ракометно игралиште, Битола — 09.07.2021
Со: Хари Мата Хари, Сергеј Ќетковиќ, Елена Ристеска, Дарио, Димитар Андоновски, Ѓоко Танески и Мијата.
„Виена во Битола“
Новогодишен концерт „Виена во Битола“ — 29.12.2021
„Со љубов за Тоше“ | Крушево — 05.10.2022
„Моцартова вечер“ — Интерфест — 12.10.2022
Концерт на Битолскиот симфониски оркестар — 10.11.2022
Новогодишен концерт „Виена во Битола“ — 22.12.2022
Десет години музичка приказна
Десет години по основањето, оркестарот влегува во период на сè поголеми симфониски продукции и жанровски разновидни проекти.
Јонче Христовски Симфонија
04.04.2023 | Центар за култура, Битола
05.04.2023 | Национална опера и балет, Скопје
VIVA VERDI – 23.06.2023
Свечена академија – 03.07.2023
MTV 80’s & 90’s — The Greatest Hits 14.09.2023 | Битола
Проект кој ги носи најголемите MTV хитови од 80-тите и 90-тите во нов, симфониски звук.
ИнтерФест 2023 — Казухиро Котецу
MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits | Скопје — 27.11.2023
„Виена во Битола“ — 26.12.2023
- MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s – 03.02.2024, 04.02.2024, Битола
- MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s – 13.04.2024 | Национална опера и балет, Скопје
- „Засекогаш во срцата“ – 16.02.2024
- „Летај Галебе — Младите за Кире Костов“ – 07.06.2024 | Битола
- The Stars Symphony – 03.07.2024 – Првиот концерт на Градски Стадион, Битола
- MusicLand 2024
- MTV The Greatest Hits Пожаревац, Србија — 07.09.2024
- BAD SYMPHONY vs. DISCOPOLIS – 09.12.2024, Битола
- „Виена во Битола“ – 21.12.2024
- Ново име. Ново поглавје.
2025 е една од најзначајните години во историјата на оркестарот. По повеќе од една деценија работа, бројни продукции, гостувања во Македонија и странство и создавање препознатливи концертни брендови, започнува ново поглавје.
- „За мојата Битола“ – 27.02.2025
- Stars Symphony – Арена „Борис Трајковски“, Скопје — 20.05.2025
Еден од големите продукциски чекори на оркестарот — концерт во најголемата затворена арена во Македонија.
- Flowers Symphony – Хераклеја Линкестис, Битола — 30.07.2025
Flowers Symphony станува еден од препознатливите проекти на оркестарот, создавајќи спој на симфониски звук, вокални солисти и голема сценска продукција.
- MTV The Greatest Hits Vol. 3 – 13.09.2025, Битола
- 04.11.2025 — DIVA – Ново име. Нов идентитет. Ново поглавје.
По повеќе од една деценија музичка историја започната во 2013 година, оркестарот го претставува своето ново име — Оркестар DIVA.Ребрендирањето ја одразува зрелоста на проектот и неговата визија за иднината. DIVA продолжува како независен културен бренд, со слобода да создава големи симфониски, крос-жанровски и современи концертни продукции.
- 04.11.2025 — Бесплатен промо концерт и официјално претставување на новото име DIVA.
- Flowers Symphony — Скопје, 30.11.2025 | Македонска филхармонија
Flowers Symphony пристигнува на сцената на Македонската филхармонија.
- „Виена во Битола“ 15.12.2025 | Битола
Годината завршува со традиционалниот новогодишен проект „Виена во Битола“.
I фаза – Камерен Оркестар на Битола (2013–2023)
Оркестарот започнува како Камерен Оркестар на Битола, со фокус на класичната музика и камерните проекти. Во овој период се поставуваат темелите на уметничкиот идентитет, се реализираат бројни концерти низ Македонија и се остваруваат соработки со реномирани солисти и институции. Камерниот Оркестар на Битола брзо станува препознатлив по својот професионализам, иновативни програми и силна поврзаност со локалната заедница. Нивната работа претставува клучна основа за понатамошниот институционален развој на оркестарската сцена во градот.
II фаза – Формирање на Националната установа
Како директен резултат на континуираната работа, препознатливоста и реализираните проекти на Камерниот Оркестар на Битола, следи втората фаза – формирање на Националната установа Камерен Оркестар на Битола. Овој чекор претставува значајно признание за вложениот труд и создадената уметничка вредност, со што се воспоставува институционална рамка за понатамошен развој на класичната музика во регионот.
Во оваа фаза, Камерниот Оркестар на Битола (основан во 2013 година) преминува во втора фаза како Битолски Оркестар, отворајќи се кон поголеми симфониски формации и крос-жанровски проекти.
III фаза – Оркестар DIVA (од 2025)
Во 2025 година следи ребрендирање во Оркестар DIVA – чекор што ја одразува зрелоста на проектот и јасната визија за иднината. Новото име симболизира динамика, инспирација и уметничка слобода, како и јасна дистинкција од институционалниот оркестар, овозможувајќи поширок спектар на креативни проекти.
Под водство на Владимир Димовски, Оркестар DIVA продолжува да се развива како независен културен бренд со јасна визија за иднината, градејќи мост меѓу традицијата и современиот музички израз.
Во текот на изминатите години, под името Камерен Оркестар на Битола (Битолски Камерен Оркестар), реализирани се бројни успешни концерти и големи продукции, како и гостувања низ Македонија и странство. Дел од најпознатите проекти се: Виена во Битола, Stars Symphony, Rock Symphony, Pop Symphony, MTV The Greatest Hits 80s & 90s (Volume 1, 2, 3), Flowers Symphony, John Wiliams Symphony, Засекогаш во срцата, Јонче Христовски Симфонија, Ladies Symphony и друг.
Дел од овие проекти се реализирани на значајни сцени и отворени простори низ државата, и вклучуваат посетеност од 5000 и повеќе.
Членови на оркестарот
Сите членовиЧесто поставувани прашања
Што е Оркестар DIVA?
Оркестар DIVA е професионален оркестар од Битола, основан во 2013 година од диригентот и културен продуцент Владимир Димовски. Изведува класична, филмска, поп и рок музика во симфониски аранжмани и создава големи концертни продукции како Flowers Symphony, Stars Symphony и Виена во Битола.
Дали Оркестар DIVA е поранешниот Битолски камерен оркестар?
Да. Оркестарот настапуваше како Камерен оркестар на Битола од 2013 до 2023 година, потоа како Битолски камерен оркестар, а од 4 ноември 2025 година го носи името Оркестар DIVA. Името „Камерен оркестар на Битола“ денес го носи Националната установа основана во 2023 година, која е посебна институција, основана исто така од Владимир Димовски.
Кој е диригент на Оркестар DIVA?
Основач, диригент и уметнички директор е Владимир Димовски, виолист, диригент и аранжер со повеќе од 25 години диригентско искуство.
Кои се најпознатите проекти на оркестарот?
Flowers Symphony, Stars Symphony, Rock Symphony, Виена во Битола, MTV The Greatest Hits, Засекогаш во срцата, Industrial Symphony, Јонче Христовски Симфонија и Златно Славејче.
Каде настапува оркестарот?
Најчесто во Битола (Центар за култура, Хераклеја, Градски стадион), во Скопје (Македонска филхармонија, Арена Борис Трајковски, МКЦ) и во Охрид. Настапувал и во Ниш, Котор, Белград, Прага и Пожаревац.
Како да купам билети?
Билетите за сите концерти се продаваат онлајн на divaticket.com. Секој концерт на оваа страница има копче „Билети“ што води директно до нив.
Дали оркестарот има награди?
Да. Ја доби наградата „Златна бубамара на популарноста“ за најпопуларен оркестар за 2024 година.
Колку концерти има одржано оркестарот?
Во првите десет години одржа повеќе од 140 концерти пред повеќе од 200.000 посетители, а со него соработувале околу 230 музичари.
















