За Нас

Оркестар DIVA е современ професионален оркестар основан во 2013 година од диригентот и културен продуцент Владимир Димовски, со мисија да создава висококвалитетни музички проекти што ги поврзуваат класичната традиција и современите музички жанрови, носејќи ново симфониско искуство до поширока публика.

14 години
20 музичари
9 продукции
400 изведби

Историја

Основање на Камерниот Оркестар на Битола

Во 2013 година, под водство на диригентот и културен продуцент Владимир Димовски, започнува приказната на оркестарот. Од самиот почеток идејата е класичната музика да се доближи до поширока публика и да се создаваат нови концертни концепти.

Новогодишен концерт 2013
Еден од првите концертни проекти на оркестарот.

„За моја Битола“ — Бит Фест 2013
Настап посветен на градот во рамките на Бит Фест.

I фаза – Камерен Оркестар на Битола (2013–2023)

Оркестарот започнува како Камерен Оркестар на Битола, со фокус на класичната музика и камерните проекти. Во овој период се поставуваат темелите на уметничкиот идентитет, се реализираат бројни концерти низ Македонија и се остваруваат соработки со реномирани солисти и институции. Камерниот Оркестар на Битола брзо станува препознатлив по својот професионализам, иновативни програми и силна поврзаност со локалната заедница. Нивната работа претставува клучна основа за понатамошниот институционален развој на оркестарската сцена во градот.

II фаза – Формирање на Националната установа

Како директен резултат на континуираната работа, препознатливоста и реализираните проекти на Камерниот Оркестар на Битола, следи втората фаза – формирање на Националната установа Камерен Оркестар на Битола. Овој чекор претставува значајно признание за вложениот труд и создадената уметничка вредност, со што се воспоставува институционална рамка за понатамошен развој на класичната музика во регионот.

Во оваа фаза, Камерниот Оркестар на Битола (основан во 2013 година) преминува во втора фаза како Битолски Оркестар, отворајќи се кон поголеми симфониски формации и крос-жанровски проекти.

III фаза – Оркестар DIVA (од 2025)

Во 2025 година следи ребрендирање во Оркестар DIVA – чекор што ја одразува зрелоста на проектот и јасната визија за иднината. Новото име симболизира динамика, инспирација и уметничка слобода, како и јасна дистинкција од институционалниот оркестар, овозможувајќи поширок спектар на креативни проекти.

Под водство на Владимир Димовски, Оркестар DIVA продолжува да се развива како независен културен бренд со јасна визија за иднината, градејќи мост меѓу традицијата и современиот музички израз.

Во текот на изминатите години, под името Камерен Оркестар на Битола (Битолски Камерен Оркестар), реализирани се бројни успешни концерти и големи продукции, како и гостувања низ Македонија и странство. Дел од најпознатите проекти се: Виена во Битола, Stars Symphony, Rock Symphony, Pop Symphony, MTV The Greatest Hits 80s & 90s (Volume 1, 2, 3), Flowers Symphony, John Wiliams Symphony, Засекогаш во срцата, Јонче Христовски Симфонија, Ladies Symphony и друг.

Дел од овие проекти се реализирани на значајни сцени и отворени простори низ државата, и вклучуваат посетеност од 5000 и повеќе.

Членови на оркестарот

Сите членови

Валентин Наумов

Прва Виолина

Владимир Цветковски

Втора Виолина

Милена Марковска

Втора Виолина

Дејан Цветковски

Виолончело

Коста Стеваноски

Контрабас/ Бас Гитара

Бојан Димитровски

Синтисајзер / Клавир

Бојан Анакијевски

Тапани

Дејан Трајкоски

Синтисајзер / Клавир

Ѓорѓи Димовски

Давид Скерлевски

Синтисајзер / Клавир

Дејан Арсиќ

Виола

Билјана Талевска

Придружен Вокал

Марија Арсиќ

Придружен Вокал

Прашања

Често поставувани прашања

Што е Оркестар DIVA?

Оркестар DIVA е професионален оркестар од Битола, основан во 2013 година од диригентот и културен продуцент Владимир Димовски. Изведува класична, филмска, поп и рок музика во симфониски аранжмани и создава големи концертни продукции како Flowers Symphony, Stars Symphony и Виена во Битола.

Дали Оркестар DIVA е поранешниот Битолски камерен оркестар?

Да. Оркестарот настапуваше како Камерен оркестар на Битола од 2013 до 2023 година, потоа како Битолски камерен оркестар, а од 4 ноември 2025 година го носи името Оркестар DIVA. Името „Камерен оркестар на Битола“ денес го носи Националната установа основана во 2023 година, која е посебна институција, основана исто така од Владимир Димовски.

Кој е диригент на Оркестар DIVA?

Основач, диригент и уметнички директор е Владимир Димовски, виолист, диригент и аранжер со повеќе од 25 години диригентско искуство.

Кои се најпознатите проекти на оркестарот?

Flowers Symphony, Stars Symphony, Rock Symphony, Виена во Битола, MTV The Greatest Hits, Засекогаш во срцата, Industrial Symphony, Јонче Христовски Симфонија и Златно Славејче.

Каде настапува оркестарот?

Најчесто во Битола (Центар за култура, Хераклеја, Градски стадион), во Скопје (Македонска филхармонија, Арена Борис Трајковски, МКЦ) и во Охрид. Настапувал и во Ниш, Котор, Белград, Прага и Пожаревац.

Како да купам билети?

Билетите за сите концерти се продаваат онлајн на divaticket.com. Секој концерт на оваа страница има копче „Билети“ што води директно до нив.

Дали оркестарот има награди?

Да. Ја доби наградата „Златна бубамара на популарноста“ за најпопуларен оркестар за 2024 година.

Колку концерти има одржано оркестарот?

Во првите десет години одржа повеќе од 140 концерти пред повеќе од 200.000 посетители, а со него соработувале околу 230 музичари.