Проект · премиера 2017
Засекогаш во Срцата
- 2017
- премиера
- 2026
- последна изведба
- 6
- изведби
- 1
- градови
„Засекогаш во срцата“ е традиционален концертен проект со кој го чуваме споменот на Тоше Проески и неговото музичко наследство. Создаден со Камерниот оркестар на Битола, денес препознатлив како Оркестар DIVA, проектот ги обединува оркестарскиот звук, вокалните интерпретации и публиката во заедничка посвета на песните со кои растевме и кои продолжуваат да поврзуваат генерации.
На сцената ги оживуваме познатите композиции во оркестарски аранжмани, со учество на македонски и регионални изведувачи. Низ различните изданија, дел од проектот биле Каролина Гочева, Елена Ристеска, Бојан Маровиќ, Гоца Тржан, Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Ристо Самарџиев, Бојан Стојков и други. Секој од нив внесува сопствен израз, задржувајќи ја почитта кон оригиналните песни и нивната емоција.
Тоше останува во срцето на проектот, а одделни изданија се посветени и на други музички великани што оставиле трага во нашата култура. Во 2022 година оддадовме почит и на Аки Рахимовски, во 2023 година на Пепи Бафтировски, а во 2024 година програмата опфати и дела од Кире Костов и Драган Каранфиловски-Бојс. Така, „Засекогаш во срцата“ прераснува во простор за зачувување и повторно доживување на едно богато музичко наследство.
Распродадените концертни вечери и публиката што ги пее песните заедно со изведувачите ја потврдуваат врската што овој проект ја создава. За нас, секое издание е можност повторно да се сретнеме преку музиката и да им дадеме нов живот на песните што засекогаш остануваат во нашите срца.
Други проекти
Сите проекти →„Златно Славејче – 55 години игра, песна, историја“
Некогаш ги пееја како деца. Денес се враќаат на сцената за повторно да ги отпеат своите безвременски хитови. Со Оркестар ДИВА, оригиналните изведувачи на…
Rock Symphony
- Последна изведба
- 2018
Јонче Христовски Симфонија
- Последна изведба
- 2023


