Сите проекти

Проект · премиера 2026

Industrial Symphony

2026
премиера
2026
последна изведба
1
изведби
2
градови

Industrial Symphony е проект на Битолски Оркестар DIVA посветен на музиката на The Prodigy, Rammstein, The Chemical Brothers, Nine Inch Nails, Laibach и други имиња од електронската и алтернативната сцена. Познатите песни се изведуваат во оркестарски аранжмани, со вокали, електроника и ритам секција.

Оваа музика ја препознаваме по силниот бас, повторувачките ритми, гитарските рифови и специфичните електронски звуци. Да се подготви за оркестар значи внимателно да се работи со секој од тие елементи: што ќе преземат гудачите, каде ќе остане електрониката и како сите инструменти ќе звучат заедно. Притоа, важно е песните да ја задржат силата поради која публиката ги сака.

Со Industrial Symphony, оркестарот се впушта во музика која бара поинаков начин на свирење и подготовка. Ритамот и прецизноста имаат голема улога, а оркестарските делници отвораат простор во познатите песни да се слушнат и нови детали. Тоа е концерт за љубителите на овие бендови, но и за оние што сакаат да слушнат што сè може да изведе еден оркестар.

Проектот премиерно беше претставен на 13 мај 2026 година во МКЦ Скопје. Заедно со Оркестар DIVA настапија Жарко Јакимоски од Backdoor Band, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.

Industrial Symphony е дел од нашата желба да работиме со различна музика и да ја доближиме оркестарската изведба до поширока публика. Овојпат, преку песни кои многумина ги слушале на концерти, во клубови или на слушалки, а сега имаат можност да ги слушнат со оркестар во живо.

Други проекти

Сите проекти →