Сите проекти

Проект · премиера 2027

„Златно Славејче – 55 години игра, песна, историја“

2027
премиера
1
градови

Некогаш ги пееја како деца. Денес се враќаат на сцената за повторно да ги отпеат своите безвременски хитови.

Со Оркестар ДИВА, оригиналните изведувачи на песните од „Златно славејче“ ќе нè вратат во детството, во времето кога ги учевме првите рефрени и ги пеевме со другарчињата. Песните што ги паметиме ќе прозвучат во нови оркестарски аранжмани, со истите луѓе што првпат им дадоа глас пред десет, дваесет и повеќе години.

Некои од нив продолжиле да се занимаваат со музика, други избрале сосема различни професии. На овој концерт повторно ги обединуваат нивните детски песни и спомените што ги делат со публиката.

Под уметничко раководство и диригентската палка на Владимир Димовски, концертот ќе спои повеќе генерации на една сцена и во една публика. Родителите ќе можат да им ги покажат на своите деца песните со кои пораснале, а најмладите да откријат нов омилен рефрен.

Вечер за пеење заедно, за средба со познатите гласови и за споделување на детството.

Други проекти

Сите проекти →