За Оркестар DIVA
Оркестар DIVA е современ професионален оркестар основан во 2013 година од диригентот и културен продуцент Владимир Димовски, со мисија да создава висококвалитетни музички проекти што ги поврзуваат класичната традиција и современите музички жанрови, носејќи ново симфониско искуство до поширока публика.
Историјата на оркестарот поминува низ три значајни фази на развој:
I фаза – Камерен Оркестар на Битола (2013–2023)
Оркестарот започнува како Камерен Оркестар на Битола, со фокус на класичната музика и камерните проекти. Во овој период се поставуваат темелите на уметничкиот идентитет, се реализираат бројни концерти низ Македонија и се остваруваат соработки со реномирани солисти и институции. Камерниот Оркестар на Битола брзо станува препознатлив по својот професионализам, иновативни програми и силна поврзаност со локалната заедница. Нивната работа претставува клучна основа за понатамошниот институционален развој на оркестарската сцена во градот.
II фаза – Формирање на Националната установа
Како директен резултат на континуираната работа, препознатливоста и реализираните проекти на Камерниот Оркестар на Битола, следи втората фаза – формирање на Националната установа Камерен Оркестар на Битола. Овој чекор претставува значајно признание за вложениот труд и создадената уметничка вредност, со што се воспоставува институционална рамка за понатамошен развој на класичната музика во регионот.
Во оваа фаза, Камерниот Оркестар на Битола (основан во 2013 година) преминува во втора фаза како Битолски Оркестар, отворајќи се кон поголеми симфониски формации и крос-жанровски проекти.
III фаза – Оркестар DIVA (од 2025)
Во 2025 година следи ребрендирање во Оркестар DIVA – чекор што ја одразува зрелоста на проектот и јасната визија за иднината. Новото име симболизира динамика, инспирација и уметничка слобода, како и јасна дистинкција од институционалниот оркестар, овозможувајќи поширок спектар на креативни проекти.
Под водство на Владимир Димовски, Оркестар DIVA продолжува да се развива како независен културен бренд со јасна визија за иднината, градејќи мост меѓу традицијата и современиот музички израз.
Во текот на изминатите години, под името Камерен Оркестар на Битола (Битолски Камерен Оркестар), реализирани се бројни успешни концерти и големи продукции, како и гостувања низ Македонија и странство. Дел од најпознатите проекти се: Виена во Битола, Stars Symphony, Rock Symphony, Pop Symphony, MTV The Greatest Hits 80s & 90s (Volume 1, 2, 3), Flowers Symphony, John Wiliams Symphony, Засекогаш во срцата, Јонче Христовски Симфонија, Ladies Symphony и друг. Дел од овие проекти се реализирани на значајни сцени и отворени простори низ државата, и вклучуваат посетеност од 5000 и повеќе.