Проект · премиера 2025
Flowers Symphony
- 2025
- премиера
- 2026
- последна изведба
- 5
- изведби
- 3
- градови
Flowers Symphony е музичко-сценски проект на Оркестар DIVA, создаден како спој на симфониската музика, операта, филмската музика и безвременските вокални композиции во едно современо концертно доживување. Проектот обединува симфониски оркестар, оперски солисти, вокални гости и хор, создавајќи богата звучна и визуелна целина во која класичната музика се доближува до пошироката публика на впечатлив и непосреден начин.
Репертоарот на „Flowers Symphony“ носи внимателно избрани оперски арии, италијански канцони, француски шансони и познати теми од филмската музика, со дела и музика поврзани со автори како Енио Мориконе, Џон Вилијамс и Ханс Цимер, претставени во оркестарски аранжмани и со различни вокални интерпретации.
Посебен белег на проектот е неговата сценска естетика и концептот инспириран од цвеќето – различните композиции, гласови и музички стилови се спојуваат како различни цветови во еден музички букет. Секое ново издание на „Flowers Symphony“ носи и нови композиции, освежен репертоар, нови солисти и гости, како и поинакви сценски моменти, со што проектот постојано се надградува и секој концерт нуди ново искуство за публиката.
Од својата премиера, проектот се изведува пред бројна публика на различни концертни сцени, а неговата цел останува иста: да создаде концерт во кој класичната музика, големите гласови и филмската емоција се среќаваат во едно силно и достапно музичко искуство.
Изведувачи
-
Сопран
Јаворка Витанова
-
Сопран
Зана Абази Рамадани
-
Сопран
Виолета Арсовска
Гости
-
Сопран
Наде Талевска
2026 · Битола, Охрид, Скопје
-
Сопран
Билјана Талевска
2026 · Битола, Охрид, Скопје
-
Бојан Стојков
2026 · Скопје
-
Виолончело
Ана Руцнер
2025 · Битола
-
Виолина
Камелија Дукова
2025 · Скопје
-
Сопран
Полина Тасева
2025 · Скопје
Снимки
Други проекти
Сите проекти →„Златно Славејче – 55 години игра, песна, историја“
Некогаш ги пееја како деца. Денес се враќаат на сцената за повторно да ги отпеат своите безвременски хитови. Со Оркестар ДИВА, оригиналните изведувачи на…
Rock Symphony
- Последна изведба
- 2018
Јонче Христовски Симфонија
- Последна изведба
- 2023


