Flowers Symphony 2
- Датум
- 16 ноември 2026
- Час
- 20:00
- Град
- Скопје
- Место
- Македонска Филхармонија
Оркестар DIVA (Битолски камерен оркестар) повторно доаѓа во Скопје, овојпат со второто издание на музичкиот спектакл Flowers Symphony 2.
Под диригентската палка на Владимир Димовски, оркестарот, хорот и солистите ќе создадат вечер исполнета со раскошни вокали, моќен симфониски звук и музика што буди силни емоции.
На сцената ќе настапи голем музички состав предводен од Оркестар DIVA во симфониско издание, заедно со хорот „Гортинија“ од Гевгелија и извонредните вокални солисти: Наде Талевска, Билјана Талевска, Јаворка Витанова, Виолета Арсовска, Зана Абази-Рамадани и други музички изненадувања.
По прекрасниот прием на првото издание минатата година, Flowers Symphony се враќа со нови композиции, збогатена програма и уште помоќно музичко доживување.
Второто издание ќе донесе нов избор на италијански арии и канцони, како и незаборавни теми од светската филмска музика на Енио Мориконе, Џон Вилијамс и Ханс Цимер, како The Ecstasy of Gold, Now We Are Free, Raiders March, Hijo de la Luna, и многу други.
Ќе се одржи на:
16 ноември 2026 | 20:00 часот
Македонска филхармонија, Скопје
Билети
1200 1400 1600 ден


