Виена во Битола
Поминат
- Датум
- 21 декември 2024
- Град
- Битола
- Место
- Центар за култура
Новогодишната традиција „Виена во Битола“ продолжи со празнична програма во која оркестарската музика се надополни со оперски и балетски настапи. На сцената настапија Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска-Младенова, балетските уметници Марија Кичевска, Мими Поп-Алексова и Франсиско Хименез Руиз, како и мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“. Со концертот диригираше Владимир Димовски. И оваа година Виена во Битола имаше две распродадени изведби.
Овој концерт е веќе одржан.


