Виена во Битола 2026
- Датум
- 23 декември 2026
- Час
- 19:00
- Град
- Битола
- Место
- Центар за култура
На 23 декември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура во Битола, ве покануваме на тринаесеттото издание на „Виена во Битола“ – празнична музичка вечер со Оркестар DIVA.
Инспириран од духот на виенските новогодишни концерти, овој настан ја носи свеченоста на оркестарскиот звук во нашиот град. Низ годините, „Виена во Битола“ прерасна во препознатлива декемвриска традиција и средба со публиката со која ја споделуваме љубовта кон музиката.
Зад авторската замисла и реализацијата стои диригентот Владимир Димовски, кој долги години го води оркестарот. Неговата идеја е да ја доближи атмосферата на виенските новогодишни концерти до битолската публика и да создаде празничен настан што ќе има свое постојано место во културниот живот на градот.
И оваа година подготвуваме вечер во која музиката ќе биде повод за заедничко празнување и убаво заокружување на годината. Придружете ни се на нашата тринаесетта виенска вечер во Битола!
Билети: divaticket.com и Tobacco Димпо – Битола.
Билети
600 ден


