Засекогаш во срцата – 8. издание
Поминат
- Датум
- 5 март 2026
- Час
- 20:00
- Град
- Битола
- Место
- Центар за култура
Со гордост го најавуваме својот традиционален концерт “Засекогаш во срцата“ по осми пат посветен на Тоше Проески и на неговите безвременски песни.
На сцената на “Засекогаш во срцата“ ќе застанат изведувачи кои со голема почит и одговорност ќе ги пренесат песните што сите ги знаеме наизуст и што секогаш некако нè погодуваат исто. Годинава, заедно ќе пеат: Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Јасна Димитровска, Марија Митровска, Марија Јаковлеска, Алексеј Ивановски. Секој со својот глас, но со иста цел да ја продолжиме приказната што Тоше ни ја остави.
Уште неколку дена до вечерта кога повторно ќе се собереме, ќе запееме заедно и ќе си кажеме истото што го велиме веќе 8 години: Ти благодариме, Тоше.
Овој концерт е веќе одржан.


