Првото MTV-издание во Битола распродадено за три часа

Билетите за „MTV The Greatest Hits of the 80's & 90's“ во Битола се распродадени за три часа. Концертот е на 14 септември.

Објавено 2 мин. читање

Сподели Facebook WhatsApp Е-пошта Линкот е копиран

Билетите за „MTV The Greatest Hits of the 80’s & 90’s“ во Битола се распродадени за три часа. Камерниот оркестар на Битола ја подготвува програмата за 14 септември.

Концертот е посветен на музиката што ја одбележа MTV-ерата, со оркестарска изведба на познати хитови од осумдесеттите и деведесеттите. Големиот интерес на публиката е посебна мотивација за музичарите и за сите учесници во проектот.

Музиката на една ера

Осумдесеттите и деведесеттите беа време кога музиката не само што се слушаше, туку и се гледаше. Музичките спотови ги создадоа сликите што и денес ги поврзуваме со омилените песни, а цели генерации пораснаа пред екраните чекајќи да го видат новиот спот на својот омилен изведувач.

Овој одзив ни покажува колку песните од MTV-ерата се присутни во музичките спомени на публиката. Нашата задача е нивниот препознатлив карактер да го поврземе со оркестарски аранжмани и изведба во живо. Тоа значи да ја зачуваме енергијата и препознатливите мотиви на оригиналите, но и да им дадеме нова боја и широчина што ја има само оркестарот.

Благодарност пред првиот настап

Благодариме за поддршката уште пред првиот настап на проектот. Распродадена сала за програма што публиката сè уште не ја слушнала е голема доверба, и ние сме свесни за одговорноста што ја носи.

Две часа низ две децении

Концертот ќе трае околу два часа и ќе биде патување низ најпознатите песни од музичките телевизии на осумдесеттите и деведесеттите. Со оркестарот ќе диригира Владимир Димовски, а на сцената, покрај вокалните солисти, ќе бидат и поп-рок хорот „Битвокс“ и балетски изведувачи од Националната опера и балет. Интересот за билетите беше поголем од бројот на расположливите места.

Со музичарите и солистите се подготвуваме за концерт во кој генерациските хитови ќе добијат поинаква сценска и звучна форма. Се гледаме на 14 септември, за заедно да се вратиме во времето кога музичката телевизија ги создаваше ѕвездите.